Почетна » Убавина и мода » Коса » Пресадување на коса

Пресадување на коса

Причини за губење на косата

Постојат повеќе причини за губење на косата, но се смета дека наследниот фактор е една од најголемите. Мажите и жените го наследуваат генот за губење коса од едниот или од двата родители. Кај мажите, хормонот тестостерон ја активира генетичката програма предизвикувајќи загуба на фоликулите на коса и во тој момент не постои метод за запирање на губењето на косата. Одредени болести на организмот, како неухранетост или недостиг од витамини, го забрзуваат овој процес.

Губење на косаМажите и жените го наследуваат генот за губење коса од едниот или од двата родители

Опаѓање на косата предизвикуваат и одредени лекови, а и болести на самото влакно на косата. Трајната боја за коса и хемиските препарати ги оштетуваат фоликулите на косата до тој степен што опаѓањето на косата може да биде постојано. Носењето капа, присуството на првут (сув или масен), недостигот од проток на крв или затнатите пори од замастен скалп исто така можат да бидат причини за губење на косата.

Како се прави пресадување на коса?

Се зема коса од задниот дел на тилот (дел донор) и се префрла на делот без коса (дел примач). Влакнените (фоликуларни) единици може да бидат земени преку стрип метод со земање на влакната со лента или преку директно пресадување фолекуларни единици една по една, уште наречен ФУЕ метод.

Во Дерматолошко естетската ординација „Д-р Анчевски“, пресадувањето на коса го прави стручен тим на Bergmann Kord, по технологија која во Германија се усовршува повеќе од 30 години.

Што да очекувате по операцијата?

Постоперативната процедура зависи од придржувањето кон инструкциите дадени по операцијата. Мали красти се формираат околу „калемите“ и истите исчезнуваат за 4 до 7 дена. Косата може да се мие 24 часа по операцијата, најдобро во ординацијата каде што се одвивало пресадувањето. Шиењето на донор-областа е незабележливо, бидејќи е покриено со веќе постоечката коса.

Пресадување на косаКрајниот резултат од пресадувањето на коса се добива по 8 до 10 месеци

Пресадената коса паѓа за 2 до 4 недели, а нов раст почнува за 3 до 4 месеци. Должината се зголемува за 1,25 см месечно. За правилно развивање на пресадените влакна потребно е да се контактира со стручниот тим секој ден во првите две недели, посетите и советите се одвиваат еднаш месечно, а крајниот резултат се добива по 8 до 10 месеци. Лекарот треба да даде совет за начинот на нега и кои препарати треба да се користат за целиот период.

Дали се чувствува болка при пресадувањето?

Операцијата се изведува под локална анестезија и трае неколку часа. Мал дискомфорт може да се очекува додека се инјектира анестетикот во скалпот, а потоа кога кожата е под анестезија не се чувствува ништо.

Пациентот треба да избегнува тешки физички активности најмалку пет дена по операцијата и се препорачува да се земе две недели одмор.

Совет

Бидејќи со пресадувањето на коса резултатите се трајни, повеќето луѓе сметаат дека е тоа добра инвестиција. Процедурата е безбедна, ефикасна и трајна ако е во рацете на професионален тим (како што е Bergmann Kord), кој и во последователниот период од неколку месеци ќе се грижи пресадените влакна да останат витални до целосното добивање на ефектот. Трансплантацијата на коса е малку поскапа варијанта од перика или од некои алтернативни третмани, меѓутоа е единствено трајно решение со кое ќе си ја вратите самодовербата и ќе се чувствувате многу подобро.

д-р Анета Петрушевска Кокалевска
спец. дерматолог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.