Оддалеку можеше да се забележи на кое модно шоу се упатува Џорџина Родригез во Париз.
26-годишниот модел позираше пред многуте фоторепортери во аутфит со потпис на Луј Витон. Нејзиниот мантил со логоa недискутабилно укажуваше дека е гостинка на ревијата на популарниот француски бренд.
Кафеавиот мантил таа го надополни со чантичка од моделот Bleecker и истобојни салонки.
Џорџина пред еден ден сподели семејна фотографија со Роналдо и нивните четири деца.
