Принцезата Шарлот беше неодолива гостинка на финалето од Европското првенство во фудбал за жени во Швајцарија.
Слатката припадничка на британското кралско семејство ненајавено се појави на мечот Англија-Шпанија заедно со својот татко, принцот Вилијам, привлекувајќи големо внимание. 10-годишното девојче со големи емоции навиваше за фудбалерките на англиската репрезентација кои го освоија трофејот.
Шарлот изгледаше преслатко во фустанче со точкест принт.









Дуото татко-ќерка седеше покрај припадничките на шпанското кралско семејство, принцезата Леонор и нејзината помала сестра Софија. Сите заедно разговараа по мечот.





