Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џорџ Клуни завршил во болница откако ослабел над 11 кг за новата филмска улога

Џорџ Клуни завршил во болница откако ослабел над 11 кг за новата филмска улога

За да одглуми преживеан во глобална катастрофа во новиот филм „The Midnight Sky“, Џорџ Клуни ја намали својата тежина повеќе од 11 килограми.

Но, неговото големо слабеење не било без последици. Четири дена пред почетокот на снимањето, 59-годишниот актер бил хоспитализиран поради силна болка во стомакот. Во текот на неколкуте дена во болница, на Клуни му бил дијагностициран панкреатит.

„Мислам дека премногу се трудев набрзина да ја намалам тежината и веројатно не се грижев за себе“ – изјавил актерот.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

„Потребни беа неколку недели за да закрепнам, а како режисер, тоа не е лесно, бидејќи потребна е енергија. Бевме на глечер во Финска, што многу ја отежна работата. Но, со сигурност му помогна на мојот лик“ – додал Клуни.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Тој се пошегувал за брадата која морал да ја порасне за улогата и признал дека на сопругата Амал не ѝ се допаѓала.

„Пораснав голема грда брада, која син ми ја обожава зашто може да си крие нешта во неа, за кои јас не знам сè додека не стигнам на работа и ќе си речам: ‘Леле, има лижавче залепено во мојата брада’. Но, жена ми и ќерка ми беа пресреќни кога ја отстранив, бидејќи беше тешко да се пронајде лице под целиот тој неред“ – рекол тој.

Џорџ Клуни

Научно-фантастичната драма ја раскажува приказната за осамениот научник Огустин, кој боледува од рак и се наоѓа на Арктикот, уверен дека е единствениот преживеан по мистериозна глобална катастрофа.

Подоцна, тој наоѓа мало девојче за кое е обврзан да се грижи, додека истовремено се обидува да контактира астронаути кои се наоѓаат во вселената за да ги информира за апокалипсата и да ги спречи да се вратат назад на Земјата.

Трејлер за „The Midnight Sky“

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.