Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џорџ и Амал Клуни зборуваат за љубовта и децата во интервју на 8-мата годишнина од бракот

Џорџ и Амал Клуни зборуваат за љубовта и децата во интервју на 8-мата годишнина од бракот

Џорџ Клуни долги години се сметаше за „вечен ерген“, сè додека не пристигна Амал во неговиот живот. Славниот пар стапи во брак во 2014 година и пред неколку дена ја прослави 8-мата годишнина од влегувањето во брачните води.

Токму на овој специјален ден, 61-годишниот актер и 44-годишната адвокатка гостуваа во шоуто „CBS Mornings“ и зборуваа за моментот на запознавањето, за одржувањето на љубовта и за нивните две деца – близнаците Александар и Ела.

За првата средба, тие изјавија:

„Беше лесно. Во минутата кога влезе низ вратата, јас бев освоен од неа. Забавниот дел беше што не знаев дали ќе ѝ се допаднам, бидејќи таа е извонредна, забавна, паметна, убава и прекрасна жена“ – изјави Џорџ и додаде дека веднаш по запознавањето, започнал да ѝ пишува писма.

„Кога го запознав си помислив, мило ми е што постои некој како него во светот. Не си замислував дека ќе го поминам животот со него и дека ќе го имаме ова прекрасно семејство. Бев изненадена“ – рече Амал.

Тие признаа дека направиле грешка што ги научиле нивните деца италијански јазик, кој и самите не го владеат. „Ние не зборуваме италијански. Па ги наоружавме со јазик со кој можат да нè повредат и ние нема ни да знаеме“ – изјави Клуни.

Водителката Гејл Кинг ги запраша што прават за да останат заедно и да ја одржуваат врската.

„Ова никогаш не беше прашање на кое би размислувале. Со нас отсекогаш беше лесно. Ова е најлесното нешто во нашите животи“ – изјави Џорџ, на што Амал додаде дека пријателите се зачудени што никогаш немаат расправии.

„Сметам дека 99% е до среќа, да ја запознаеш вистинската личност. Да, и тајмингот е важен. Сметам дека едно нешто кое треба да издвоиме дека помага во врската е да не бидете цинични, туку отворени. Јас бев изненадена што Џорџ не беше циничен и вообразен. Потоа, нештата започнаа брзо да се движат“ – додаде Амал.

Популарната двојка беше фотографирана додека се упатуваше на вечера во Њујорк, каде ја прослави годишнината.

Клуни Клуни Клуни Клуни Клуни Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.