Кит Харингтон и Роуз Лесли се заколнаа на вечна љубов. Ѕвездите од хит-серијата „Game of Thrones“ се венчаа во црква во Абердиншир, Шкотска.
Веселата невеста носеше невестински фустан од либанскиот дизајнер Ели Сааб.
На свадбената церемонија присуствуваа нивни колеги од Game of Thrones“, меѓу кои и Емилија Кларк, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер, Питер Динклиџ, Бен Кромптон и Лиам Каниген.
По венчавката, младенците и гостите се упатија на голема прослава во замокот на семејството на среќната невеста.
Актерите, кои имаа романса и на телевизиските екрани како ликовите Џон Сноу и Игрит во популарната серија, започнаа врска во 2012 година, но една година подоцна се разделија. Парот ја обнови врската кон крајот на 2015 година.