Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Симпсон со фотографии сподели дека ослабе над 45 килограми, 6 месеци по раѓањето на третото дете

Џесика Симпсон со фотографии сподели дека ослабе над 45 килограми, 6 месеци по раѓањето на третото дете

Џесика Симпсон драстично ослабе по раѓањето на третото дете. 39-годишната американска пејачка и актерка преку фотографии ја покажа големата трансформација.

„6 месеци. 46 килограми надолу. (Да, ја преминав бројката од 109 килограми на вагата). Моето прво патување подалеку од Бирди Мej е емотивно поради многу причини, но горда сум што повторно сум себеси. Дури и кога чувствував дека е невозможно, избирав да работам уште понапорно“ – напиша таа.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Џесика, која се породи во март годинава, не уживаше премногу во бременоста. Многупати таа споделуваше дека има тешка бременост, неколкупати боледуваше од бронхитис, имаше киселини во желудникот, ишијас и потечени глуждови.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Џесика и Ерик се заедно од 2010 година, а стапија во брак во 2014 во Калифорнија. Тие заедно имаат уште две деца. Ќерка им Максвел се роди во мај 2012, додека синот Ејс на 30 јуни 2013 година.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.