Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Алба со трите деца и сопругот во семејна фотосесија, сподели неколку совети за родители

Џесика Алба со трите деца и сопругот во семејна фотосесија, сподели неколку совети за родители

За списанието „Parents“, Џесика Алба сними фотосесија со своето неодоливо семејство и сподели животни лекции кои им ги пренесува на своите деца и неколку совети за родители.

На фотографиите, 37-годишната актерка и бизнисменка позира со сопругот Кеш Ворен, двете ќерки Хонор и Хевен и 10-месечното синче Хејз.

Џесика Алба со семејството

Секојдневието на Џесика е исполнето со многу обврски. Таа успешно ја одигрува својата улога на мајка на три деца, продолжува да ја гради својата кариера како актерка во Холивуд и има исполнет распоред како основач на компанијата „The Honest Company“.

„Дозволете им на децата да не успеат (но не и да се откажат), поттикнувајте чесност и искреност, учете ги да си го збогатуваат нивниот речник, терајте ги да се извинуваат, покажете им колку вредат“ - се дел од советите кои Алба, од своето лично животно искуство, ги споделува со родителите.

Џесика Алба со семејството Џесика Алба со семејството

Алба, исто така, вели дека родителите треба да им го покажуваат патот на своите чеда. „Ги носам моите деца со мене на бизнис патувања. Неодамна ја зедов Хонор со мене со Милано. Отидовме два дена порано, за да можеме да поминеме време заедно. Кога јас имав состаноци, таа ме чекаше во друга конференциска соба. Не можам секој ден да ја носам и земам од школо, но ѝ покажувам дека моето време е вредно и дека таа ми значи многу. Исто така, сакам таа да види дека мојата работа е важна и дека давам сè од себе за да направам разлика, па можеби таа ќе го апсорбира тоа“ – изјавила славната актерка.

Џесика Алба со семејството

„Ако моите деца се жалат кога јас и сопругот одиме на работа, јас им велам ‘Дали си го сакате вашиот живот?’ Бидејќи тој не е бесплатен. Татко ви и јас работиме многу напорно за вие да имате сè што имате. Затоа треба да се грижите за вашите работи. И погодете што? Ако не работите напорно, вашиот живот нема секогаш да биде ваков. Мора да одлучите што сакате да правите. Одете на школо, учете, однесувајте се добро со останатите“ – додала Алба.

Џесика Алба со семејството Џесика Алба со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.