На радост на нејзините обожаватели, Џенифер Лопез ќе создаде нова музика.
Станува збор за омотот на албумот „This Is Me…. Then“ (2002), кој сега го рекреира за најавното видео за претстојниот албум „This Is Me… Now“.




Претходно, Лопез ги имаше избришано сите фотографии и видеа од својот профил на Instagram. Сега, на него стојат само три објави.
Во едната од нив, Лопез зборува за инспирацијата зад двата албуми. И во двата периоди од животот кога работела на нив, таа била вљубена во истата личност – Бен Афлек.
„Пред 20 години се вљубив во љубовта на мојот живот. Тогаш работев на албум кој се викаше ‘This Is Me… Then’. И беше за овековечување на тој момент во времето. Кога сум вљубена, тогаш сум инспирирана. Бев толку инспирирана што оттогаш немам направено друг таков албум. Бев во преголема болка сите овие години и мојот начин на преживување беше со напорна работа, криејќи ја таа страна од мене. Но, сега, 20 години подоцна, навистина има среќен крај“ – вели славната пејачка, која неодамна стапи во брак со саканиот Бен.

Деновиве, Џенифер и Бен беа фотографирани кога си заминуваа од театарот „Winter Garden“ во Њујорк.



