Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез и Марк Антони се разведуваат

Џенифер Лопез и Марк Антони се разведуваат

По седум години брак, Џенифер Лопез и Марк Антони објавија дека се разделуваат.

Познатиот пар со својата изјава за разделба ги шокира сите свои обожаватели, затоа што никој не ни претпоставуваше дека има проблеми во нивниот брак. Имено, секоја јавна појава на Џеј Ло и Марк укажуваше на фактот дека тие се сè уште заљубени еден во друг.

Марк Антони и Џенифер ЛопезМарк Антони и Џенифер Лопез

„Решивме да му ставиме крај на нашиот брак. Тоа беше многу тешка одлука... Ова е тешко време за сите засегнати и би ја ценеле почитта кон нашата приватност“ – се вели во заедничкото соопштение.

41-годишната актерка и пејачка стапи во брак со 42-годишниот пејач во јуни 2004 година. Тие имаат две деца, 3-годишните близначиња Макс и Ема.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.