Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Исто како Џеј Ло, и Марк Антони во врска со 24-годишна

ФОТО: Исто како Џеј Ло, и Марк Антони во врска со 24-годишна

Откако Џенифер Лопез престана да ја крие својата врска со 24-годишниот Каспер Смарт, и Марк Антони реши да покаже дека ја преболил својата поранешна сопруга.

На својот профил на Facebook, Марк објави фотографија на која силно ја прегрнува и бакнува манекенката Шeнон Де Лима. 43-годишниот пејач напишал под приватната фотографиja само „Gracias!“ (благодарам).

Марк Антони и Шенон Де ЛимаМарк Антони и Шенон Де Лима

Еден ден претходно тој на Twitter напиша: „@Shadelima mi estatua de libertad. Besos bebe“, или во превод: „@Shadelima, мојата статуа на слободата. Бакнежи бејби“.

Шeнон е 24-годишен модел од Венецуела, која според весникот Hola, има 4-годишен син од претходна врска.

Излегувањето во јавност на Марк со новата врска доаѓа откако светот го обиколија фотографии од 42-годишната Џеј Ло и младиот Каспер Смарт за време на нивниот романтичен одмор во Мајами.

Џенифер Лопез и Каспер Смарт со МајамиЏенифер Лопез и Каспер Смарт со Мајами

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.