Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез: Жените стануваат посамоуверени како што стареат

Џенифер Лопез: Жените стануваат посамоуверени како што стареат

Џенифер Лопез е дел од моќната петорка која го краси новото издание на списанието „W“. Популарната актерка и пејачка позираше покрај Кејт Мос, Донатела Версаче, Џесика Частеин и Тараџи Хенсон.

Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието, Џеј Ло зборуваше за самодовербата кај жените, за приватноста и многуте ангажмани. „Мажите во нивните 20-ти години се многу самоуверени и надмени, а жените се супер несигурни. А потоа, сè се менува: Мажите стануваат супер несигурни во себе, а жените се чувствуваат удобно во својата кожа на начин кој ги прави поубави. Никогаш не си го ценев изгледот во 20-тите години. Сега сум со став: Погледни ме! Погледни се себе! Не на егоцентричен или арогантен начин – само се ценам себеси така како што не се ценев на таа возраст. Не се работи за совршенство. Си ги сакам лузните кои ги имам“ – рекла таа, укажувајќи на модринките на колената од многуте настапи во Лас Вегас.

Џенифер Лопез

Како една од најпрепознатливите жени на денешницата, Лопез постојано е следена од група фотографи. Коментирајќи ја приватноста, таа изјави: „Мој сон е да можам да прошетам по улица низ Милано, без да брзам, да одам на шопинг и на прошетка. Да поседам надвор, без да се чувствувам како да морам да се кријам.“

За зафатеноста и многуте ангажмани на деловен план, 46-годишната ѕвезда рекла: „Сметам дека живеењето и туркањето надвор од твојата комфорна зона е единствениот начин да бидеш среќен. Во сето тоа, ризикот е непријатен. Но, за мене, има нешто супер возбудливо во тоа. На повеќето луѓе не им се допаѓа, но јас велам: Да! Ајде да направиме повеќе, да земеме повеќе, да видиме повеќе... Потоа си велам: Wow, ова е многу!“

Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.