Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон проговори за коментарите дека не може да задржи маж, дека не сака бебе и дека срцето ѝ е скршено

Џенифер Анистон проговори за коментарите дека не може да задржи маж, дека не сака бебе и дека срцето ѝ е скршено

Џенифер Анистон ги разубавува страниците на септемвриското издание на „InStyle“.

49-годишната актерка заведува во креации од врвни модни куќи како Мајкл Корс, Долче и Габана, Александар МекКвин, Џорџо Армани, Живанши и Луј Витон за новиот едиторијал.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анистон зборуваше за шпекулациите и заблудите кои постојат за нејзиниот приватен живот. „Лудо е. Постојат заблуди како: 'Џенифер не може да задржи маж' и 'Џен одбива да има бебе затоа што е себична и посветена на кариерата', или дека сум тажна и скршено ми е срцето. Најпрво, со сета почит, моето срце не е скршено. И второ, тоа се несовесни претпоставки. Никој не знае што се случува зад затворени врати. Никој не размислува колку чувствително може да биде тоа за мене и мојот партнер. Тие не знаат низ што имам минато, медицински или емоционално. Постои притисок за жените да бидат мајки, и ако не се, тогаш тие се сметаат за оштетена стока. Можеби мојата цел на оваа планета не е да создавам живот. Можеби имам други работи коишто треба да ги правам?“ – вели холивудската ѕвезда, која моментално го снима својот нов филм „Murder Mystery“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Фотографот Бен Хасет ги потпишува фотографиите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.