Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон за „Harper’s Bazaar“: Се чувствувам подобро во моите 40-ти години

Џенифер Анистон за „Harper’s Bazaar“: Се чувствувам подобро во моите 40-ти години

Џенифер Анистон е главната ѕвезда на „Harper’s Bazaar“. Славната актерка сними фотосесија за априлското издание на познатото модно списание.

За едиторијалот, Анистон шармира во креации од Сен Лоран, Версаче и Антони Вакарело. Врвните брендови Тифани и Картие ѝ позајмија блескави парчиња накит на 47-годишната холивудската ѕвезда за фотосесијата, снимена под палката на Камила Акранс.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

„Брачниот живот е толку нормален и забавен и не толку различен. Долго време се чувствуваме како да сме во брак. Среќничка сум бидејќи Џастин е најзабавната личност која сум ја сретнала и постојано се смееме еден со друг. Смеењето е една од клучните работи за да останеш млад“ – изјавила Анистон, која е во брак со Џастин Теру седум месеци и додала дека е многу горда на својот сопруг кој моментално го снима својот нов филм.

„Се чувствувам подобро во моите 40-ти години. Се чувствувам подобро во моето тело не само физички, туку и ментално“ – додала таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.