Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин и Џесика Бил повторно заедно

Џастин и Џесика Бил повторно заедно

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил наводно се повторно заедно, но само под услов таа да ја избегнува темата брак.

Според извештаите на медиумите, пред неколку месеци Џастин „откачил“ во моментот кога Џесика го запрашала кога тој мисли дека може да стапат во брак.

„Џесика сака да стапат во брак, но Џастин сега не е заинтересиран за брак. Таа знае дека ако сака некогаш да бидат заедно, ќе треба да биде потрпелива“ – пишува списанието ОК.

Очигледно младиот пејач не е подготвен да му го посвети својот живот на една жена, дури и ако таа е атрактивната актерка Џесика Бил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.