Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќе ве насмее: Селин Дион ги имитира Ријана, Шер и Сиа во шоуто на Џими Фелон

Ќе ве насмее: Селин Дион ги имитира Ријана, Шер и Сиа во шоуто на Џими Фелон

Селин Дион беше гостинка во „The Tonight Show“. Во делот со забавни игри, 48-годишната музичка дива ја доби задачата да имитира неколку од своите колеги, па може да се каже дека одлично се справи со тоа.

Славната пејачка го трансформираше својот глас за да ги копира Ријана, Шер и Сиа, додека водителот Џими Фелон ги имитираше Мајкл Џексон и Џони Кеш.

Погледнете го видеото, во кое Дион ги изведува песните „Frére Jacques“, „Row, Row, Row Your Boat“ и „Hush, Little Baby“ во стилот на познатите пејачки.

Селин Дион Селин Дион

Во текот на шоуто, Селин ја изведе и „The Show Must Go On“ од легендарниот бенд Queen облечена во црн фустан со шлиц.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9480 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.