Горан Трајковски објави нежна семејна фотосесија со своите најмили.
Докторот, кој веќе неколку години живее и работи во Германија, ја сподели првата фотосесија со новородениот син Константин. Со него позираат и братчето Себастиан, како и сопругата Александра.
„Најдобрите подароци од Господ“ – напиша популарниот доктор кој на Инстаграм има речиси 60 илјади следбеници.








Трајковски, кој секојдневно споделува медицински совети и инспиративни пораки за здрав живот со јавноста, неодамна заврши специјализација по интерна медицина.

