Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ќе биде авантура“: Џорџ Клуни за првпат зборуваше за станувањето татко на близнаци

„Ќе биде авантура“: Џорџ Клуни за првпат зборуваше за станувањето татко на близнаци

Џорџ и Амал Клуни ќе станат родители на близначиња. Во француска емисија, 55-годишниот актер за првпат зборуваше за својата идна голема улога како татко.

Холивудскиот шармер изјави дека тој и неговата сопруга Амал се многу возбудени што ќе добијат две деца. „Ние сме многу среќни и возбудени. Ќе биде авантура. Го прифативме тоа со широко отворени раце“ – вели славниот актер.

Клуни признава дека омилениот дел му бил кога неговите пријатели дознале за среќната вест. „Седевме на маса осум мажи, на кои сите деца веќе им се на факултет, и сите ме поддржуваа, велејќи ми: „Одлично е, ќе го обожаваш“. Одеднаш се стишија и започнаа да имитираат бебешки плач и сите на масата започнаа гласно да се смеат“ – додава Џорџ.

Џорџ и Амал стапија во брак во септември 2014 година, а гласините се дека очекуваат момче и девојче.

Џорџ и Амал Клуни Џорџ и Амал Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.