Жељко и Јована Јоксимовиќ беа дел од познатите српски парови на настан по повод 35-годишнината од постоењето на Melos Estrada.
На прославата организирана од најуспешната фирма за менаџирање и организирање на настани во Белград, 44-годишната водителка и 53-годишниот пејач се појавија во елегантно издание. Јована изгледаше атрактивно во мини фустан кој ѝ ги истакна долгите тонирани нозе.
Таа сподели фотографии од настанот на Instagram.






Јована и Жељко се во брак повеќе од 10 години. Нивната љубовна приказна започна во 2008 година, кога заедно ја водеа „Евровизија“ кога се одржуваше во Белград. Тие направија свадба во јануари 2012 година на Малдиви. Заедно имаат три деца – синот Коста и близначките Ана и Срна.



