Со голема прослава во Белград беше одбележана 35-годишнината од постоењето на Melos Estrada. На забавата се собраа многу славни личности, меѓу кои беше и Јелена Томашевиќ.
41-годишната српска пејачка изгледаше занесно во долг цветен фустан, кој го надополни со розова јакна.
Таа објави фотографии и му честиташе на директорот на „Melos“, Бане Обрадовиќ. „Драг Бане, среќен да ти биде овој голем јубилеј и нека е на здравје“ - напиша музичката ѕвезда.


