Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ја сакам како сопствено дете“: Елена Ристеска сподели фотографии од роденденот на внука си Делфи

„Ја сакам како сопствено дете“: Елена Ристеска сподели фотографии од роденденот на внука си Делфи

Елена Ристеска чувствува длабока поврзаност и безусловна љубов кон својата внука Делфина и признава дека ја сака како свое сопствено дете.

34-годишната пејачка напиша слатка порака за да ѝ го честита 6-тиот роденден на девојчето, а сподели и фотографии од малата прослава.

„Најхрабриот лав во хороскоп кој го познавам. Се бори како лавица уште од денот на раѓањето. Најслаткото дете кое го имам сретнато, чувствувам како да излегла од некој цртан филм. Понекогаш се прашувам себеси дали разговарам со дете или со возрасна личност – таа е толку паметна!“

„Понекогаш не сум сигурна дали таа е моја или ќерка на сестра ми – чувствувам како јас да сум ја родила. Толку многу ја сакам – како мое сопствено дете. И без оглед на тоа колку деца Бог ќе ми даде во иднина, таа секогаш ќе биде моето прво дете. Те сакам ДЕЛФИНА“ – пишува во пораката.

Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина Роденденот на Делфина

Делфина е единствено дете на сестрата на Елена, Драгица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.