Се сеќавате на мексиканската теленовела „La fea más bella“ или кај нас позната како „Грдата Лети“?
Главната протагонистка Анхелика Вале пред неколку дена доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните, а на настанот ја доби поддршката од целото семејство и колегата од серијата Хаиме Камил, кој го глумеше Фернандо Мендиола.
На церемонијата, славните колеги позираа заедно, па фановите не можеа да останат рамнодушни.




Присутна беше и Анхелика Марија, мајката на Вале во вистинскиот живот, која глумеше нејзина мајка и во серијата „Грдата Лети“. И Анхелика е одлична актерка која има своја ѕвезда во Холивуд.



47-годишната актерка доби честитки и од сопругот и двете деца.






