Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шокантни навреди на Мел Гибсон кон Оксана

Шокантни навреди на Мел Гибсон кон Оксана

Борбата за старателството над малата Луција помеѓу Мел Гибсон и Оксана Григориева извади пред јавноста многу детали од нивниот живот. Откако пред неколку дена излезе вест дека Оксана насилно била удирана по лицето од Мел Гибсон за време на нивна расправија, сега се појави и снимка на којашто 54-годишниот актер ѝ упатува вулгарни и расистички навреди.

Американскиот веб сајт RadarOnline тврди дека нивни претставници слушнале 30 минутна снимка од застрашувачки разговор помеѓу Мел и Оксана. Разговорот бил снимен од страна на Оксана со цел да го искористи во борбата за старателство на нивната мала ќерка.

Мел Гибсон и Оксана ГригориеваМел Гибсон и Оксана Григориева

„Ме срамиш. Изгледаш како напалена е***а свиња и ако те силуваат група црнчишта тоа ќе биде по твоја вина“ – рекол Гибсон, коментирајќи го начинот на којшто се облекува Оксана.

Снимките му биле предадени на судијата којшто е задолжен за нивниот случај. 54-годишниот актер ја навредувал Оксана и со зборови како „к***а“ и ѝ рекол: „Ќе дојдам и ќе ја запалам е*****а куќа. Но, ќе ми го п***ш прво“.

Ова не е прв ваков скандал на Мел Гибсон. Во 2006 година тој го шокираше светот кога при апсењето за возење во пијана состојба рекол: „Е***и Евреи. Евреите се виновни за сите војни во светот.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.