Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Оксана со скршени заби по удар од Мел Гибсон

ФОТО: Оксана со скршени заби по удар од Мел Гибсон

Оксана со скршени забиОксана со скршени заби

Американскиот сајт RadarOnline објави фотографија на која јасно се гледа Оксана Григориева со скршени предни заби. Според тврдењата на руската пејачка, фотографијата е сликана само неколку часа откако Мел Гибсон ја удрил два пати по лицето.

На 6 јануари во куќата во Малибу, Мел Гибсон ја удрил Оксана два пати по лицето, додека таа ја држела нивната мала ќерка Луција во рацете.

Штетата од ударите се гледа на фотографијата, а Оксана тврди дека и малата Луција добила модринки. На снимките кои овие денови се појавија на интернет, Мел Гибсон признава дека ја удрил Оксана за време на нивна расправија.

Ова е само дел од доказите кои таа му ги има предадено на судот во борбата за добивање на старателство над Луција, а против актерот ќе бидат покренати и обвиненија за домашно насилство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.