Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шерцингер и Андерсон во „Танц со ѕвездите“

Шерцингер и Андерсон во „Танц со ѕвездите“

Никол Шерцингер, Памела Андерсон и Шенон Доерти се меѓу 11-те славни ѕвезди на американската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“. Вчера вечерта започна да се емитува новата 10-та сезона, а уште на почетокот се истакна Шерцингер со своите танцувачки способности.

31-годишната пејачка од групата Pussycat Dolls заедно со Дерек Хок изведоа виенски валцер и ја воодушевија и публиката и судиите, кои им дадоа највисока оценка.

Доследна на својот имиџ, Памела Андерсон изведе жешка ча-ча-ча кореографија со партнерот Демијан Вајвтуд.

Драмата во шоуто ја внесе Шенон Доерти – ѕвездата на популарната тинејџерска серија Беверли Хилс 90210. Таа изјави дека учествува само заради тоа што нејзиниот татко, кој доживеал мозочен удар, побарал од неа да учествува. Нервозата од настапот во живо и присуството на нејзиниот татко во публиката беа причината „Бренда Волш“ да пролее солзи на крајот на кореографијата за виенски валцер.

Освен овие три ѕвезди, во шоуто учествуваат и Кејт Госелин, позната од реалното шоу за нејзиниот живот со Џон и со нивните 8 деца и астронаутот Баз Олдрин, кој е вториот човек што стапнал на Месечината. „Танц со ѕвездите“ е шоу во кое познати личности имаат за партнери професионални танчари и се натпреваруваат помеѓу себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.