Џорџ и Амал Клуни рака под рака зачекорија на црвениот тепих на доделувањето на наградите на „The Prince's Trust“ во Лондон.
45-годишната адвокатка за човекови права и 62-годишниот актер изгледаа елегантно и шармантно пред театарот „Royal Drury Lane“. Амал избра комбинезон од Версаче кој одлично и прилегаше на нејзината витка фигура.







„The Prince’s Trust and TK Maxx and Homesense Awards ги слават неверојатните постигнувања на младите луѓе низ Велика Британија. Од стотиците номинирани од целата држава, ги најдовме најинспиративните приказни од млади лица кои успешно ја завршија програмата на Prince’s Trust и сега напредуваат“ – пишуваат од организацијата за доделувањето на овие награди.






Џорџ и Амал стапија во брак во септември 2014 година, а нивните близначиња се родија во јуни 2017 година.
