Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шакира со танц и слатки пораки го прослави 90-тиот роденден на нејзиниот татко

Шакира со танц и слатки пораки го прослави 90-тиот роденден на нејзиниот татко

Шакира сподели видео и фотографии од прославата по повод 90-тиот роденден на нејзиниот татко.

ШакираТатко ѝ на Шакира со нејзиниот помал син, Милан Шакира

Во видеото, 44-годишната пејачка танцува среќно со Вилијам Мебарак Чадид, кој зачекори во десеттата деценија од животот.

„Изминатиов 6 септември го видов татко ми како полни 90 години. Сеќавајќи се колку е сакан и славен од сите околу него, ме натера да се замислам дали еден ден и јас, како него, ќе можам да стигнам до напредна возраст обвиена во толку голема и искрена љубов“ – напиша таа.

Шакира објави домашни видеа на кои пее со татко си.

Пред околу една недела, славната музичарка сподели фотографија на која позира со татко си и мајка си и напиша: „Ми ги придвижи чекорите и ми го осветли патот. Ми покажа дека животот е отворен и длабок како море и со тоа, му даде смисла на мојот преплавувајќи го со твојата радост. Ти си мојата инспирација. Мојот соучесник во сè. Мојот најдобар пријател. Среќни 90 години проживеани спектакуларно. Те сакам со целото мое битие. Твоето девојче, Шакира“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.