Шакира и Жерар Пике беа фотографирани додека го напуштаа судот во Барселона каде се сретнаа лице в лице за да потпишат спогодба за старателство на синовите.
Претходно, по 12-часовни разговори, поранешните партнери се договорија со кого ќе живеат децата Саша и Милан. Тие беа во врска 11 години, а се разделија во јуни оваа година.




Поранешниот играч за ФК Барселона потврди дека со цел да ја избегне долгата правна битка, ѝ дал благослов на славната пејачка да се пресели во Мајами со децата за Нова година. Тој ќе поминува 10 дена месечно со нив, а има право да ги гледа и за време на празници.
По Нова година, 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша ќе започнат да одат на училиште во САД.








Шакира и Пике започнаа да се состануваат во 2011 година, а се запознаа за време на снимањето на спотот за „Waka Waka (This Time for Africa)“ за СП во 2010 година. Нивниот поголем син Милан се роди во јануари 2013, а Саша во јануари 2015 година.



Деновиве Шакира беше фотографирана на сурфање со синовите.


