Меган Маркл и принцот Хари ја примија наградата Хуманитарци на годината, доделена од организацијата Project Healthy Minds во Њујорк.
44-годишната Војвотка од Сасекс и 41-годишниот принц облечени во складни стајлинзи го примија признанието за нивната посветеност на менталното здравје кај младите и заштитата на децата и семејствата во дигиталниот свет преку нивната фондација Archewell.
Меган беше облечена од глава до пети во Армани.










Настанот се одржа во чест на Светскиот ден на ментално здравје, а во своите говори, Меган и Хари нагласија дека инспирација им се нивните деца, 6-годишниот Арчи и
„За среќа, сѐ уште се мали за социјални мрежи, но знаеме дека тој ден доаѓа. Како многу други родители, така и ние, постојано мислиме како да ги примениме бенефитите на технологијата додека ги штитиме од нејзините опасности“ – рече Меган, која зборуваше за предизвиците на родителството во дигиталната ера и потребата од безбедна онлајн средина за сите деца.

Хари пак ја истакна важноста на нивната иницијатива The Parents Network, која им помага на семејства погодени од негативните ефекти на интернетот и социјалните мрежи.
„Ова е критичен момент во нашата колективна мисија да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во дигиталната ера. Не можеме да го направиме тоа без вас“ – рече тој.

