Џорџ Клуни доби бројни комплименти за џентлменскиот потег на црвениот тепих.
Додека се упатуваа на прославата по повод признанието доделено од „Kennedy Center Honors“, 61-годишниот актер застана да ѝ ја намести заплетканата наметка на сопругата Амал.
Фоторепортерите го „уловија“ моментот кога холивудскиот актер ѝ помогна на саканата да заблеска во полн сјај.




Црвениот фустан на 44-годишната адвокатка е дело на модната куќа Валентино.






Џорџ и Амал имаат две деца, 5-годишните близнаци Ела и Александар.
Признанието од Кенеди Центарот му беше доделено на Џорџ за неговиот придонес во филмската индустрија и американската култура.