Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудската актерка Џејми Ли Кертис: „Медена земја е зачудувачки. Воодушевена сум“

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис: „Медена земја е зачудувачки. Воодушевена сум“

„Медена земја“ го освојува секој кој ќе го погледне, па така и Џејми Ли Кертис.

Холивудската актерка беше импресионирана од прекрасната приказна за Атиџе, а своето одушевување го изрази и преку порака на социјалните мрежи.

„Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“ – напиша Кертис.

Џејми Ли Кертис

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во Централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на земјините ресурси.

Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а продуцент е Атанас Георгиев.

Документарниот филм, кој испиша историја со тоа што доби две номинации за Оскар, продолжува да се прикажува во кината низ државата.

Трејлер за Медена земја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27364 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.