Списанието People создаде листа со најубавите холивудски парови за 2017 година. Џенифер Анистон и Џастин Теру го зазедоа првото место, а веднаш зад нив застанаа Софија Вергара и Џо Манганиело.
Џенифер Анистон и Џастин Теру
„Ние ја цениме смислата за хумор еден на друг, се почитуваме меѓусебно и се сложуваме“ – рекол Теру, откривајќи ја тајната на нивниот среќен заеднички живот.
Софија Вергара и Џо Манганиело
„Навистина верувам дека ние сме ставени на оваа планета за да бидеме еден со друг“ – изјави неодамна Џо.
Гвен Стефани и Блејк Шелтон
Амал и Џорџ Клуни
„Нема изминат ден кога не сум горд што сум ти сопруг“ – рече Џорџ Клуни во свој говор.
Бијонсе и Џеј Зи
Елен Деџенерис и Порша де Роси
„Го имам мојот најдобар пријател, личноста со која сакам да поминувам повеќе време отколку со било која друга личност на светот“ – вели Елен.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк
Жизел Бундхен и Том Брејди
„Благословен сум што ја најдов“ – вели Том за својата љубов Жизел.
Криси Тиген и Џон Леџенд
„Мислам дека таа ме изваде од мојата школка и направи да уживам во животот малку повеќе“ – вели Леџенд за Тиген.
Емили Блант и Џон Красински
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
„Ти правиш сè да биде подобро“ – ѝ рече Рајан на својата сакана кога ја прими својата ѕвезда на холивудската Патека на славните.