Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудска убавица: Џулија Робертс шармантна во едиторијал за InStyle

Холивудска убавица: Џулија Робертс шармантна во едиторијал за InStyle

Џулија Робертс го краси декемвриското издание на InStyle.

Холивудската актерка, која неодамна го прослави својот јубилеен 50. роденден, шармира на фотографиите направени од Картер Смит.

Џулија Робертс

Во интервјуто за списанието, харизматичната ѕвезда зборувала за сопругот и трите деца и изјавила дека е многу среќна и горда на своето семејство. „Не постои начин на кој може да се опише мојот живот без да звучи слатко и смешно, бидејќи сè во моите мисли завршува со извичник. Работата е што (со сопругот) ги имаме овие три човечки суштества кои се комплетен одраз на љубовта која ние ја имаме еден за друг“ – изјавила Робертс.

Џулија Робертс Џулија Робертс

Џулија зборуваше и за нејзината ќерка Хезел, која донирала коса за правење на перики за деца кои ја изгубиле својата поради болест. „Тоа е голем потег за девојка која има 13 години и има руса коса за која добива многу коментари. Но, таа е толку добра и храбра. Таа го гледа како нешто друго“ – изјавила ѕвездата од филмскиот хит „Pretty Woman“.

Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс

Кога беше прашана како се чувствува по 50-тиот роденден, таа одговори: „Нема ништо поразлично во овој роденден од сите останати. Навистина луѓе? Дали сè уште сме на тоа место? Дали некој зборуваше за ова со Џорџ Клуни или Бред Пит пред нивните 50-ти родендени?“

Џулија Робертс Џулија Робертс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27156 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.