Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хиларија и Алек Болдвин го добија СЕДМОТО дете и споделија видео со бебето по породувањето

Хиларија и Алек Болдвин го добија СЕДМОТО дете и споделија видео со бебето по породувањето

Семејството Болдвин се прошири со уште еден член.

Хиларија објави дека со сопругот Алек му посакаа добредојде на седмото заедничко дете на 22 септември. 38-годишната јога инстукторка сподели видео со кадри направени непосредно по породувањето и за време на средбата на новородената ќеркичка со нејзините браќа и сестри.

Девојчето се родило тешко речиси 3,1 кг.

„Таа е тука. Со возбуда ви го претставуваме нашиот мал остварен сон. Иларија Каталина Ирена. Двете сме среќни и здрави“ – напиша Хиларија.

Хиларија и 63-годишниот актер се родители на 9-годишната Кармен, 7-годишниот Рафаел, 6-годишниот Леонардо, 4-годишниот Ромео, 2-годишниот Едуардо и 19-месечната Марија Луција родена од сурогат-мајка. Алек е татко и на 26-годишната Ирланд, која ја има од бракот со Ким Бесинџер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10984 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.