Хејли Бибер се соочува со нов здравствен предизвик. За да ги запре гласините за бременост, 26-годишниот модел откри дека има циста на јајникот и поради тоа нејзиниот стомак изгледа поголем од вообичаено.
На фотографијата од разголениот стомак, Хејли напиша: „Не е бебе. Имам циста на јајникот со големина на јаболко. Немам ендометриоза или полицистични јајници, но неколкупати сум имала циста на јајникот и тоа никогаш не е забавно. Болно е и ми предизвикува мачнини, надуеност, грчеви и ме прави емотивна. Како и да е... сигурна сум дека многу од вас можат да се поврзат и да разберат.“

Медиумите постојано шират шпекулации за бремености на славните личности, па затоа сопругата на Џастин Бибер одлучи јавно да ја открие причината за подуениот стомак.
Хејли е во брак со Џастин од 2018 година.
