Хелен Мирен со шармантна насмевка и раскошен фустан восхитуваше во Венеција. Талентираната актерка присуствуваше на спектакуларното шоу на Долче и Габана кое се одржа на плоштадот „Свети Марко“.
76-годишната ѕвезда носеше креација со златен корсет која е дел од колекцијата висока мода есен/зима 2017 на Долче и Габана.




По завршувањето на ревијата, Хелен танцуваше со Вин Дизел.
Мирен со стил пристигна во прекрасниот италијански град и веднаш беше уловена од папараците.



