Хајди Клум и Том Каулиц беа дел од славните гости кои присуствуваа на премиерното прикажување на „Avatar: The Way of Water“ во Лос Анџелес.
49-годишната манекенка избра асиметрична сребрена креација која ја истакна нејзината одлична фигура и тонираните нозе. На синиот тепих пред продолжението на „Avatar“, таа позираше и со својот сопруг, кој беше облечен во складен стајлинг.












