Никол Шерцингер го истакна својот сексапил за синоќешното доделување на музичките награди на iHeartRadio.
43-годишната пејачка, која потекнува од главниот град на Хаваи, го покажа тонираното тело во цветна комбинација со краток топ и здолниште со висок шлиц. Стилистката Џесика Пастер го надополни нејзиниот стајлинг со бели салонки.







На сцената, Никол ја додели наградата Најдобро дуо или група на годината, која заврши во рацете на Silk Sonic на Бруно Марс и Андерсон Паак.






