Али Брук, една од девојките од групата Fifth Harmony, стана „жртва“ на Фотошоп. На фотографија направена од популарната група за списанието „Billboard“, 22-годишната пејачка доби две десни стапала.


Откако фотографијата се распространи на интернет, Брук и самата се пошегува со настанатата грешка. Таа си ја сподели фотографијата на својот профил на Instagram и напиша: „Кога се обидуваш да изгледаш неодоливо и покрај тоа што имаш две десни стапала“.
Изведувачките на популарната песна „Worth It“ го красат мајското издание на списанието. Погледнете ги и останатите фотографии од фотосесијата:













