Гласините се покажаа како вистинити. Откако долго време се шпекулираше дека се заедно, Кендал Џенер и Девин Букер беа фотографирани од папараците на плажа во Малибу.
Новиот пар си разменуваше нежности зад бела ограда, но фотографите сепак успеаја да ги „уловат“.




24-годишниот модел изгледаше атрактивно во розови бикини.










Ѕвездата од „Keeping Up with the Kardashians“ и 23-годишниот кошаркар претходно беа видени кога излегуваа од продавница за миленичиња.


