Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џулија Робертс со широка насмевка за „WSJ“

ФОТО: Џулија Робертс со широка насмевка за „WSJ“

Најпрепознатливата насмевка во Холивуд го разубавува мајското издание на магазинот „WSJ“. Славната Оскаровка Џулија Робертс беше фотографирана од Џош Олинс.

Фотосесијата, која се фокусира на лицето на 46-годишната актерка, ја истакна нејзината природна убавина.

Џулија Робертс Џулија Робертс

Во интервјуто за списанието, направено 20 дена по смртта на нејзината полусестра Ненси која почина поради предозирање, Џулија признава дека целото семејство било скршено од болка. „Ми се кине срцето. Поминаа само 20 дена. Нема зборови кои можат да опишат низ што помина секој од нас во овие 20 дена. Не сакаш ништо лошо да му се случи на кој било, но има многу трагични, болни и необјасниви нешта низ светот“ – рекла таа.

Џулија Робертс Џулија Робертс

Робертс споделила и дека не се смета себеси за селебрити личност. „Не се сметам себеси за селебрити, барем не на начинот на кој се гледа на тоа во културата денес“ – појаснила таа.

Џулија Робертс Џулија Робертс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.