Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џиџи Хадид со бакнеж од Зејн Малик и голем букет рози го прослави својот 22-ри роденден

ФОТО: Џиџи Хадид со бакнеж од Зејн Малик и голем букет рози го прослави својот 22-ри роденден

Вчера Џиџи Хадид наполни 22 години, а роденденот го славеше во друштво на своето семејство, пријателите и момчето Зејн Малик.

Славниот модел на Instagram сподели фотографија на која саканиот Зејн нежно ја бакнува, а слична фотографија сподели и 24-годишниот пејач.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Подоцна, Џиџи беше фотографирана со својата мајка Јоланда и сестра си Бела, а во рацете носеше огромен букет со црвени рози.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид

Пред неколку часа, Бела на Instagram сподели албум со фотографии со сестра си и напиша: „Среќен роденден на мојата доживотна најдобра пријателка!!! Личноста на која се огледувам! Мојата личност. Секој ден се чувствувам како вистинска среќничка што можам да те нарекувам моја сестра. Не знаев дека некој може да биде истовремено толку милостив, паметен, забавен, талентиран, работлив, артистичен, грижлив, полн со почит и привлечен!!! Правиш да се смеам... дури и кога не сакам да се насмеам и си единствената личност што го може тоа. Секој што те познава, веднаш ја чувствува неверојатната енергија која зрачи низ тебе. Ти благодарам што секогаш си своја, ништо помалку и ништо повеќе. Ти си мојата друга половина и не знам што би правела без тебе. Те сакам со целото мое срце.“

A post shared by Bella Hadid (@bellahadid) on

Џиџи и Зејн започнаа да се состануваат на почетокот од минатата година, а во мај за првпат како пар зачекорија заедно на црвениот тепих.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.