Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез во креации од Балман во едиторијал за „Paper“

ФОТО: Џенифер Лопез во креации од Балман во едиторијал за „Paper“

Џенифер Лопез заведува од страниците на новото издание на „Paper“. Атрактивната пејачка и актерка позираше со дизајнерот Оливие Рустан од модната куќа Балман за септемвриското издание на списанието.

Сите креации кои 46-годишната музичка ѕвезда ги носи за фотосесијата доаѓаат од познатиот француски бренд Балман.

Фотографиите се дело на Николас Мур.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието, Рустан зборувал за музите кои го инспирираат. „За мене, Балман е речиси феминистички. Се работи за моќта на девојките и жените во светот. Поради тоа ја сакам Џенифер. Сите музи кои ме инспирираат се навистина силни и понекогаш се борат против светот за да ги покажат сопствените правила, што сметам дека Џенифер го направи преку својата кариера и сè уште го прави. Таа ги наметнува своите правила. И кога ќе размислам „Што е Балман-девојка?“, тоа е ова. Тоа е жена која знае што сака и го искажува тоа“ – рекол тој.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Погледнете како се одвиваше снимањето на фотосесијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.