Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Анистон шармантна за „The Hollywood Reporter“

ФОТО: Џенифер Анистон шармантна за „The Hollywood Reporter“

Можеби разочарувањето што не се најде на листата со актери номинирани за Оскар беше големо за Џенифер Анистон, но таа воопшто не го покажува тоа на фотографиите за „The Hollywood Reporter“.

Џенифер Анистон

45-годишната актерка со насмевка позираше пред објективот на модниот фотограф Рувен Афанадор, покажувајќи го својот весел карактер. На насловната страница, ѕвездата од филмот „Cake“ ги покажува своите тонирани нозе, носејќи само кремов џемпер и кремови штикли од Маноло Бланик.

Џенифер Анистон

Во интервјуто за списанието, Анистон меѓу другото зборувала и за разводот со Бред Пит, за тоа што ја привлекло кај Џастин Теру, за нејзиното искуство со дислексија и за тоа што не беше номинирана за Оскар.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

За разводот со Бред Пит: „Можеби не комуницираме секој ден, но си посакуваме еден на друг само прекрасни нешта. Никој не направи ништо погрешно. Разбирате што сакам да кажам? Понекогаш нештата се случуваат. Кога светот би можел да престане со тие глупави сапуници. Нема никаква приказна.“

За тоа што ја привлекло кај Џастин Теру: „Во главно тоа беше неговиот хумор. Лесно е да се дружиш со него. За првпат се чувствував толку комфорно.“

За плановите за свадба со Џастин: „Сè уште немаме избрано датум. Но, и да имавме, немаше да ви го кажам.“

За нејзиното дијагностицирање со дислексија на почетокот од нејзините 20-ти години: „Дознав дека имам дислексија, затоа што отидов да добијам диоптриски очила. Требаше да прочитам еден параграф, а потоа ми направија квиз, ме прашаа 10 прашања за она што веќе сум го прочитала. Мислам дека одговорив 3. Ставија компјутер на моите очи кој покажуваше каде одат тие додека читам. Моите очи ќе прескокнеа четири збора и ќе се вратеа два наназад и исто така имав мрзливо око, што секогаш требаше да го коригираат на фотографии. Мислев дека не сум паметна. Дека не можам да запомнам ништо. Тогаш ја открив причината. Чувствував како умираат сите мои трауми од детството, а трагедиите и драмите добија објаснување.“

За тоа што не беше номинирана за Оскар: „Знам дека на многу луѓе им беше жал. Чувствувам дека добив толку прекрасна љубов – добив повеќе телефонски повици и цвеќиња отколку што сум добивала за која било друга номинација.“

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Еве го и видеото од снимањето на едиторијалот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.