Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шерил официјално потврди дека е бремена, прегрнувајќи го трудничкото стомаче во кампања

ФОТО: Шерил официјално потврди дека е бремена, прегрнувајќи го трудничкото стомаче во кампања

Шерил потврди дека го очекува своето прво дете со 10 години помладиот Лиам Пејн на фотографија од нова кампања.

На неа, 33-годишната пејачка го прегрнува големото трудничко стомаче додека позира меѓу други славни личности за заедничката кампања на The Prince’s Trust и L’Oreal Paris. Славната музичарка носи црн припиен фустан и црни чизми.

Шерил Шерил Шерил

Кампањата „All Worth It“ е насочена кон зголемување на самодовербата кај 10.000 млади луѓе во Британија.

„Младите луѓе во моментов се соочуваат со сè повеќе и повеќе проблеми со самодовербата и ние мораме да ги гледаме овие прашања како вистински приоритет. Се надевам дека ова партнерство ќе им помогне на младите да се чувствуваат прифатено и ценето онакви какви што се и ќе ги убеди дека тие ја добиваат поддршката која им е потребна за да го извлечат максимумот од животот“ – рекла Шерил.

Бремената музичка ѕвезда се повлече од социјалните мрежи пред околу пет недели, а подоцна истото го направи и 23-годишниот Пејн. Тоа поттикна шпекулации дека терминот на Шерил за породување наближува.

Парот престана да ја крие својата врска на почетокот од минатата година, а во ноември Шерил беше фотографирана со трудничко стомаче. Сепак, ниту еден од двајцата музичари досега не зборувал јавно за бременоста.

Шерил Шерил и Лиам Шерил и Лиам Шерил и Лиам Пејн Шерил и Лиам Пејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.