Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шарлиз Терон блеска во златен мини фустан покрај Шон Пен во Париз

ФОТО: Шарлиз Терон блеска во златен мини фустан покрај Шон Пен во Париз

Шарлиз Терон и Шон Пен го посетија романтичниот Париз по повод ревијата на Диор. Елегантниот пар од првиот ред го следеше презентирањето на новата колекција висока мода од реномираната француска модна куќа.

Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор

38-годишната актерка блескаше во едноставен краток фустан со златен отсјај од Кристијан Диор. Минималистичкиот накит и елегантната шминка го надополнија префинетиот и одмерен стил на Шарлиз.

Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор

Воопшто не е изненадување што Шарлиз е гостинка на ревијата на Диор. Имено, привлечната актерка веќе неколку години е заштитно лице на луксузниот моден бренд. Од друга страна, малкумина очекуваа да го видат Шон Пен на ревија на Диор, но очигледно 53-годишниот актер не прави компромиси кога треба да ја поддржи својата сакана.

Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор Шарлиз Терон и Шон Пен на ревијата на Диор

Шарлиз и Шон ја обелоденија врската во јануари годинава, а оттогаш се неразделни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11391 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.