По разделбата со Жерар Пике, Шакира беше во посета на САД со своите деца Саша и Милан.
Пред да гостува во шоуто на Џими Фелон, 46-годишната музичарка беше фотографирана во Њујорк со синовите. Шакира избра целосно црн стајлинг за посетата на M&M’S World. Таа ги држеше за рака момчињата додека поминуваа покрај насобраните фоторепортери.









Неуморните папараци ги фотографираа и додека го напуштаа „Големото јаболко“ на аеродромот „ЏФК“.
Шакира и Пике се разделија во јуни минатата година. Најверојатно причината за раскинувањето е неговото неверство.
