Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Хајди Клум и Сил маскирани си ги обновија заветите

ФОТО: Хајди Клум и Сил маскирани си ги обновија заветите

Хајди Клум и Сил си го кажаа еден на друг судбоносното „да“ по шести пат. Среќниот холивудски пар е познат по тоа што редовно ја прославува својата годишнина со обновување на брачните завети.

Хајди Клум , Сил и децата

Свечената церемонија оваа година се одржа во Палм Бич, Флорида, во клубот Mar-a-Lago, кој е во сопственост на Доналд Трамп, пред околу 100 гости.

Хајди Клум и Сил

За време на церемонијата, Хајди, Сил и нивните деца беа облечени во костими. На една од фотографиите може да се види и што носеше „невестата“ под својот фустан.

Хајди Клум и Сил Хајди Клум и Сил

37-годишната манекенка и 48-годишниот пејач планирале да ги обноват своите завети во Мексико, на местото каде што се венчале, но ги промениле плановите поради тоа што таму владее насилство.

Хајди Клум, Сил и децатаХајди Клум, Сил и нивните деца Хајди Клум, Сил и децата

Хајди и Сил стапија во брак на 10 мај 2005 година и имаат четири деца, а на едно од нив Сил не му е биолошки татко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.