Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Фотошопот ја избриша тетоважата на Меган Фокс

ФОТО: Фотошопот ја избриша тетоважата на Меган Фокс

Списанијата ја користат магијата на Фотошоп за да ги коригираат недостатоците на славните лица кои ги красат нивните страници, при што обично се бришат некои ситни дамки или проблематични флеки по кожата. Но, француската Grazia избриша малку повеќе од грбот на Меган Фокс.

На насловната страна, на грбот на сексапилната актерка ја има само едната нејзина тетоважа која го цитира Шекспир: „We will all laugh at the gilded butterflies“.

Меган Фокс

Но, на истата фотографија во внатрешноста на списанието на грбот на 25-годишната актерка стои и нејзината втора голема тетоважа. Се работи за цитат од Ниче кој вели: „And those who were seen dancing were thought to be insane by those who could not hear the music“.

Меган Фокс

Уредниците очигледно ги оставиле пегите на рамената на Фокс за фотографиите да не изгледаат вештачки и да нè убедат дека дигиталната обработка е сведена до минимум, но отсуството на тетоважата не им помогна многу.

Еве ги и останатите фотографии од фотосесијата:

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.