Тори Спелинг со огромна радост ја отвори вратата на детската соба на синчето Фин за списанието „People“. Како и секоја мајка со новороденче, 39-годишната актерка блика од среќа, но таа има и уште една причина да биде бескрајно среќна. Имено, нејзината четврта бременост предизвикала многу компликации и таа за малку ќе го изгубела животот.



Токму затоа Тори вели дека сега многу повеќе ги цени малите моменти со семејството.
Колоритната детска соба, обоена во тиркизна и портокалова боја, е во сафари стил, со посебен акцент на жирафите.

„Во раната бременост пронајдов неодолива винтаж фигура на жирафа на пазар. Тогаш добив визија како сакам да изгледа детската соба на Фин. Два и пол месеци ја чував жирафата покрај масичката во мојата болничка соба. Ми даваше надеж“ – изјавила Тори за „People“.


Неодамна Тори со своето семејство позираше за списанието Us Weekly и раскажа за страшните моменти во текот на бременоста.
На ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ во 20-тата недела од бременоста ѝ била дијагностицирана placenta previa, сериозна здравствена состојба која предизвикува плацентата да го покрива цервиксот, што може да резултира со внатрешно крварење. Докторите дури и сметале дека пости ризик од сериозно крварење кое би ги принудило да ја прекинат бременоста. Во текот на тој период таа се плашела дека може да умре и да го остави своето семејство. „Само се сеќавам дека си помислував дека не можам да ги оставам трите деца“ – изјавила таа.



Најверојатно ризичната бременост била последица на тоа што Тори забремени само еден месец по раѓањето на ќерката Хети, која ја роди со царски рез, исто како и претходните две деца.

Тори е во брак со Дин Мекдермот, со кого има четири деца – Лијам (5 години), Стела (4 години), Хети (1 година) и малиот Фин.